Црвено Море
море / From Wikipedia, the free encyclopedia
Црвено Море (арапски البحر الأحمر, ел-Бахр ел-Ахмар; хебрејски ים סוף, Јам Суф) — море кое се наоѓа помеѓу Азија и Африка на заливот од Индискиот Океан. На север од морето се наоѓа Суецкиот Канал, Синајскиот Полуостров и Акапскиот Залив.
Црвеното Море се наоѓа помеѓу Азија и Африка. На север се граничи со Суецкиoт залив, кој го поврзува ова море со Средоземното Море, на југ со Индискиот Океан, на запад со Египет, Судан, Еритреја и Џибути a на исток со Јемен и Саудиска Арабија. Иако Црвеното Море е познато по својата природна убавина, со долги корални гребени, тоа е исто така и значаен пат за танкери со нафта и други бродови кои патуваат низ Суецкиот Канал.