Црна смрт
From Wikipedia, the free encyclopedia
Црната смрт или црна чума — една од најголемите пандемии во историјата на човештвото, која го достигнала својот врв во Европа во периодот од 1346–53 г. и резултира со смрт на 75 до 200 милиони луѓе.[1][2][3] Иако, постојат повеќе теории за етиологијата на црната смрт, анализите на ДНК од жртвите од северна и јужна Европа во 2010 и 2011 година покажале дека причинителот бил бактеријата Yersinia pestis, најверојатно предизвикувајќи различни облици на чума.[4][5]
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |