Радиоспектар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Радиоспектар (радиочестотен спектар, радиофреквенциски спектар или РФ-спектар) — дел од електромагнетниот спектар што соодветствува на радиочестоти, т.е. оние пониски од 300 GHz (бранови должини над 1 мм).
Разни делови од радиоспектарот се користат за разни видови на предавање и имаат различни примени. Радиоспектарот го регулира државната управа и издава одобренија за негово користење на мобилни оператори, ТВ станици и др. Во Република Македонија за ова е надлежна Агенцијата за електронски комуникации на РМ.[1] Опсезите на доделените честоти имаат свои доделени имиња (на пр. спетар на мобилна телефонија, телевизиски спектар итн).