From Wikipedia, the free encyclopedia
Чешкиот јазик (čeština или český jazyk) е западнословенски јазик кој е службен и доминантен јазик во Чешката Република. Јазикот го зборуваат околу 12 милиони луѓе во Чешка и чешката дијаспора. Чешкиот јазик е сроден и тесно поврзан со словачкиот јазик, но и со останатите западнословенски јазици.
Чешки јазик | |
---|---|
čeština, český jazyk | |
Застапен во | Чешка, Словачка, Романија, Хрватска, Германија, Полска |
Подрачје | Средна Европа |
Говорници | 12 милиони |
Јазично семејство | индоевропско
|
Писмо | чешка азбука |
Статус | |
Службен во | Чешка Европска Унија |
Регулативен орган | Чешки јазичен институт |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | cs |
ISO 639-2 | cze (B) ces (T) |
ISO 639-3 | ces |
Linguasphere | 53-AAA-da < 53-AAA-b...-d (варијации: 53-AAA-daa to 53-AAA-dam) |
Името на чешкиот јазик (čeština) потекнува од името на словенскиот народ Чеси (Češi). Чесите ја населуваат територијата на централна Бохемија и според словенската митологија името потекнува од основачот на чешката нација Чех.
Чешкиот јазик го зборуваат најголемиот број од граѓаните на Чешката Република, каде е и службен јазик. Јазикот се користи на сите нива во чешкото општество, почнувајќи од владините установи па сè до трговијата. Во Словачката Република, чешкиот јазик е признат за малцински јазик и се користи на локално ниво во областите со чешко население. Покрај тоа, чешкиот јазик е еден од 23 службени јазици на Европската Унија, која како таков бил признат во мај 2004 година.
Чешкиот јазик е составен од повеќе дијалекти кои се меѓу себе разбирливи, а поради влијанието на медиумите разликите меѓу нив се намалуваат. Чешките дијалекти се поделени на 4 групи[1]:
Пограничните предели со Германија имаат хетерогени говори.
Чешки јазик | |
Писмо | латиница |
Пример | Прв член од „Декларацијата за човекови права“ |
Текст | Všichni lidé rodí se svobodní a sobě rovní co do důstojnosti a práv. Jsou nadáni rozumem a svědomím a mají spolu jednat v duchu bratrství. |
Македонски | Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност. |
Портал: Јазици |
Говорниците на чешкиот јазик можат лесно да разберат пишан и зборуван словачки и обратно. Сепак, постојат некои дијалекти кои не можат да се разберат така лесно, па така некои источни словачки дијалекти се потешки за разбирање за Чесите. Луѓето кои се родиле по распадот на Чехословачка, имаат одредени проблеми со одредени изрази и зборови, како и со зборови кои се исти по форма, а различни по значење. Како лингвистичка споредба, во прилог следува извадок од Декларацијата за човекови права на двата јазика:
|
Чешкиот јазик ги користи старите називи за месеците, за разлика од македонскиот кој ги користи новите.
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.