Шумарство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Шумарство — стопанска гранка која го опфаќа одгледувањето и искористувањето на шумите. Тие имаат големо значење за здравјето на населението, бидејќи го прочистуваат загадениот воздух, ги ублажуваат ветровите, ги спречуваат ерозијата и поплавите. Дрвјата имаат широка примена во градежништвото, дрвната и хемиската индустрија.
Во зависност од климатските услови, шумите се делат на тропски, суптропски и шуми во предели со умерено - континентална клима.
Во тропските шуми се одгледуваат голем број скапоцени дрвја како Бамбусово, Абоносово, тиково, махаганово, сандалово, кининово и др.
Најбогати држави со шуми се: Бразил, ДР Конго, Русија, Финска, Канада, Финска, Норвешка Америка и др.