Кралство Унгарија (1920–1946)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кралство Унгарија (унгарски: Magyar Királyság), наречено ретроспективно како Регентство и Хортиев период, постоела како земја од 1920 до 1946 година [б 1] под власта на регентот Миклош Хорти, кој официјално ја претставувал Унгарската Монархија. Во реалноста немало крал, а обидите на кралот Карл IV да се врати на престолот непосредно пред неговата смрт биле спречени од Хорти.
Кралство Унгарија | ||||||
Magyar Királyság (унгарски) | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Гесло Regnum Mariae Patrona Hungariae (Латински) ("Царство Марија, покровителка на Унгарија") | ||||||
Химна Himnusz (англиски: "Химна") | ||||||
Кралство на Унгарија во 1942 година | ||||||
Главен град | Будимпешта | |||||
Вероисповед | Список
| |||||
Уредување | Авторитарен регентски (1920–1944) Унгаристичка тоталитарна еднопартиска диктатура (1944–1945) Преодна коалиција (1945–1946) | |||||
Крал | ||||||
- | 1920–1946 | Вакантно[note 1] | ||||
Глава на државата | ||||||
- | 1920–1944 | Миклош Хорти[note 2] | ||||
- | 1944–1945 | Ференц Шаласи[note 3] | ||||
- | 1945–1946 | Висок национален совет[note 4] | ||||
Премиер министер | ||||||
- | 1920 (прв) | Карој Хусар | ||||
- | 1945–1946 (последен) | Золтан Тилди | ||||
Законодавство | Парламент | |||||
- | Горен | Фелсуаз | ||||
- | Долен | Кепвиселохази | ||||
Историски период | Меѓувоен период · Втора светска војна | |||||
- | Вратена монархија | 29 февруари 1920 | ||||
- | Тријанонски договор | 4 јуни 1920 | ||||
- | Велигденска криза | 26 март 1921 | ||||
- | Марш на Будимпешта | 21 октомври 1921 | ||||
- | 1-ва Виенска награда | 2 ноември 1938 | ||||
- | Монархијата е укината | 1 февруари 1946 | ||||
Население | ||||||
- | 1920[1] | 7,980,143 | ||||
- | 1930[2] | 8,688,319 | ||||
- | 1941[3] | 14,669,100 | ||||
Валута | Унгарска корона (1920–1927) Унгарски пенго (1927–1946) | |||||
Унгарија под Хорти се карактеризирала со нејзиниот конзервативен, националистички и жестоко антикомунистички карактер. Владата се засновала на нестабилен сојуз на конзервативци и десничари. Надворешната политика се карактеризирала со ревизионизам - целосна или делумна ревизија на Договорот од Тријанон, со кој Унгарија загубила над 70% од својата историска територија заедно со над три милиони Унгарци, кои главно живееле на граничните територии надвор од новите граници на царството. Во меѓувоената политика на Унгарија доминирал фокусот на територијалните загуби претрпени во овој договор, при што незадоволството продолжува и до денес.
Влијанието на Нацистичка Германија во Унгарија довело да некои историчари да заклучат дека земјата се повеќе станува клиент-држава по 1938 година [4] Кралството Унгарија била дел од Силите на Оската за време на Втората светска војна, со намера да ја врати територијата со унгарско мнозинство, која била изгубена со Договорот од Тријанон. До 1944 година, по тешките неуспеси за Оската, владата на Хорти преговарала тајно со сојузниците, а исто така размислувала за напуштање на војната. Поради тоа Унгарија била окупирана од Германија и Хорти бил соборен. Водачот на екстремистичката Партија на вкрстените стрели, Ференц Шаласи, формирал нова влада поддржана од нацистите, со што Унгарија практично станала марионетска држава окупирана од Германија.
По Втората светска војна, земјата паднала во сферата на влијание на Советскиот Сојуз. Го променила своето име во Унгарска држава [5] (унгарски : Magyar Állam) и набргу потоа била прогласена Втората унгарска република во 1946 година, наследена од комунистичката Унгарска Народна Република во 1949 година.