Бен Невис
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бен Невис (гелски: Beinn Nibheis, гелски изговор: [peˈɲivəʃ]; англиски: Ben Nevis) е највисокиот врв на Британските Острови. Со надморска височина од 1.344 м, сместен е во западниот предел на Грампијанските Планини, кај Лохабер во областа Хајленд, близу населеното место Форт Вилијам.[1]
Бен Невис | |
---|---|
гел. Beinn Nibheis англ. Ben Nevis | |
Поглед од Бенави. Местоположбата на набљудување е лево од највисоката координата на планината. | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.344 м |
Истакнатост | 1.344 м 1-во место на Британските О-ви |
Матичен врв | ниеден – највисок во земјата |
Заведена како | манро, мерилин |
Име | |
Друго име | гел. Beinn Nibheis англ. Ben Nevis |
Превод | отровна планина или планина со главата во облаци (гелски) |
Географија | |
OS-мрежа | NN 166 712 |
Топокарта | OS Landranger 41, Explorer 392 |
Искачување | |
Прво освојување | 17 август 1771, од страна на Џејмс Робертсон |
Најлесен пат | пешачење |
Овој врв е популарна туристичка атракција, за што говори бројката од преку 100 илјади посетители годишно. Околу Бен Невис има неколку ридови со надморска висина од 700 м, и на нив најчесто се искачуваат ентузијасти и професионални планинари од сите возрасти. Познати се по тешкиот и непредвидлив терен за зимско планинарење.
На местото каде што порано постоел активен вулкан, отворена била опсерваторија која активно работела во периодот 1883 до 1904 г. Нивните метеоролошки истражувањa биле многу важни како би се откриле климатските појави во Шкотска. Физичарот Чарлс Вилсон бил инспириран да ја конструира познатата Вилсонова комора, која пронаоѓа јонизирачки зрачења, кусо по неговото напуштање на опсерваторијата.
Една од поинтересните занимливости поврзани за овој врв, е приказната за Џон Мекдоналд. Имено, овој човек познат како Долгиот Џон, во 1825 г. ја отворил една од најстарите фабрики за производство на скоч (традиционален шкотски алкохолен пијалак). Фабриката за дестилација се наоѓа кај Викториниот мост близу северниот дел на Форт Вилијам.[2] Ова е еден од првите лиценцирани капацитети за правање и дистрибуција на алкохол во Европа.