Националсоцијалистичка германска работничка партија
политичка партија во Германија од 1920 до 1945 г. / From Wikipedia, the free encyclopedia
Националсоцијалистичка германска работничка партија или НСДАП (германски: Nationalsozialistische Deutsche Arbeiterpartei, NSDAPⓘ, често нарекувана Нацистичка партија) — крајнодесничарска политичка партија во Германија помеѓу 1920 и 1945 година.
Националсоцијалистичка германска работничка партија | |
Nationalsozialistische Deutsche Arbeiterpartei | |
Водач | Адолф Хитлер |
---|---|
Идеологија | нацизам |
Весник | „Фелкишер Беобахтер“ |
Политичка ориентираност | Крајна авторитарна десница |
Поврзано | Политика на Германија Политички партии во Германија |
Водачот на партијата, Адолф Хитлер, бил назначен за канцелар на Германија од претседателот Паул фон Хинденбург во 1933. По смртта на Хинденбург, Хитлер набрзина воспоставил тоталитаристички режим познат како Третиот рајх, под којшто партијата се здобила со речиси неограничена моќ.
Нацистичката идеологија ја истакнува расната чистота на германскиот народ и ги гонела оние што ги сметала или за непријатели или за „живот невреден за живот“ (Lebensunwertes Leben) (вклучувајќи ги Евреите, Циганите, Словените и хомосексуалците, покрај Јеховините сведоци, умствено и телесно заостанатите, социјалистите и комунистите). Практикувањето на овие верувања донела директно до смртта на приближно 11 милиони луѓе преку организиран систем за масовни убиства, настан денеска познат како Холокаустот. Понатаму, Нацистичкиот концепт на Простор за живеење (Lebensraum) и потрагата по создавањето на Голема Германија, биле едни од главните причини за Втората светска војна, во којашто загинале повеќе од 60 милиони луѓе.