Јужноафриканска култура
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јужна Африка е позната по својата етничка и културна разновидност. Оттаму, не постои една единствена култура на Јужна Африка. Во Јужна Африка сè уште има значителен број црно население кое живее во руралните средини и кое живее сиромашно. Сепак, кај овие луѓе пак најмногу се почитува традицијата, бидејќи многу црнци се урбанизирале и го прифатиле западниот начин на живот, а ја занемариле традиционалната култура. Урбанизираните црнци зборуваат англиски, но го зборуваат и својот мајчин јазик, африканс. Тие се мала но значајна група којашто ги зборува коисанските јазици, кои не припаѓаат во групата на единаесетте службени јазици, но се едни од други девет признати службени јазици. Постои мала група која ги зборува јазиците на праг на изумирање, тоа се најчесто коисански семејства ( Khoi-San ), кои немаат никаков статус. Сепак, некои групи во Јужна Африка се обидуваат да ја промовираат употребата на јазиците и нивното оживување.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Припадниците на средната класа, кое вклучува и црно и бело население, индиско население, имаат сличен начин на живот како луѓето од Западна Европа, Северна Америка, Австралија и Азија. Припадниците на средната класа најчесто учат и работат во странство за подобар пристап до светските пазари.
Индијците од Јужна Африка го зачувале своето културно богатство, јазик и религиозни верувања без разлика на тоа дали се христијани, хиндуисти или сунити или луѓе кои го зборуваат англискиот јазик. Индиските јазици како што се хинди, телушкиот, тамилскиот и гуџаратскиот се зборуваат многу поретко како втор јазик. Првите Индијци пристигнале со бродот Труро за да работат како чираци на полињата со шеќерна репка во Натал, додека пак други дошле како трговци. Бранот имиграција по апартхејдот на Јужна Азија ( вклучувајќи го и Пакистан ) исто така влијаел врз културата на Индијците од Јужна Африка. Постои помала заедница на Кинези од Јужна Африка, составена од првите имигранти, имигранти од Тајван од времето на апартхејдот и имигранти од Кина од времето после апартхејдот.