Апартхејд
систем на расна сегрегација поддржана со законската регулатива на Јужноафриканската Република / From Wikipedia, the free encyclopedia
Апартхејд (африканс: Apartheid = „поделеност“) бил правен систем на расна сегрегација[1] применет од страна на владеачката Националната партија во Јужна Африка помеѓу 1948 и 1994 година.
Расната сегрегација во Јужна Африка почна во колонијалните времиња во 1652, но апартхејд како официјална политика била воведена по општите избори од 1948 година. Новиот закон, категоризирал жители според нивните расни групи („црнци“, „белци“, „други обоени“ и „Индијци“). Станбени области исто така биле сегрегирани преку принудени отстранувања. Од 1958 година, црнците биле лишени од државјанство. Владата сегрегирала образование, медицинска нега и други јавни услуги. Владата всушност им обезбедувала услуги на црнците инфериорни во однос на оние на белците.
Апартхејдот предизвикал значителен внатрешен отпор и низа протести од страна на црнците. Како што се ширеле немирите и незадоволноста на црнците, државните органи реагирале со зголемување на репресијата и насилството, што вклучувале забрана на опозициски групи и апсење на организатори и предводници кои биле против апартхејдскиот систем.
Реформите на апартхејдот во 1980-тите не успеале да ја задушат опозицијата, по што во 1990 година претседателот Фредерик де Клерк започнал преговори да стави крај на апартхејдот, кулминирајќи во мулти-расни демократски избори во 1994 година, на кои победил Африканскиот национален конгрес под водство на Нелсон Мандела. Трагите од апартхејдот сè уште ги обликуваат јужноафриканската политика и општество.