Бетмен: Почеток
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бетмен: Почеток, познат и како Почетоците на Бетмен — суперхерјоски акционен филм од 2005 година заснован на ликот Бетмен од стриповите од компанијата ДЦ (DC), во режија на Кристофер Нолан. Улогите ги толкуваат Кристијан Бејл како Бетмен заедно со Мајкл Кејн, Лијам Нисон, Кејти Холмс, Гери Одлман, Килијан Марфи, Морган Фримен, Кен Ветанабе, Том Вилкинсон и Рутгер Хауер. Филмот од ново ја започнува серијалот за Бетмен, раскажувајќи ја приказната за потеклото на ликот и започнува со првичниот страв на Брус Вејн од лилјаци, смртта на неговите родители, и неговиот пат кон станувањето Бетмен. Филмот црпи инспирација од класичните приказни од стриповите „Човекот кој паѓа (The Man Who Falls), Бетмен: Прва година (Batman: Year One), и Бетмен: Долгата ноќ на вештерките (Batman: The Long Halloween). По серијата неуспешни проекти за оживување на Бетмен на големите екрани по критичниот неуспех на филмот од 1997 година Бетмен и Робин (Batman & Robin), Нолан и Дејвид С. Гојер започнаа со работа на филмот во текот на почетокот на 2003 година и се стремеа кон помрачен и реален тон, со тоа што хуманоста и реализмот ќе бидат основа на филмот. Целта на сето тоа била публиката да се грижи за Бетмен и Брус Вејн. Филмот, кој главно бил сниман во Англија и Чикаго, се потпирал на традицинално каскадерство а компјутерски генерираната графика била минимално користена. За потребите на филмот биле создадени нов бетмобил (наречен Акробат) и повеќе мобилен Бет-костим. Бетмен започнува забележа критичен и комерцијален успех. Филмот ја имаше својата премиера на 15 јуни 2005 година, во САД и Канада во 3 858 театри. Во текот на првиот викенд на прикажување филмот отстварил профит од 48 милиони американски долари, за на крај да забележи заработка од вкупно 372 милиони американски долари во целиот свет. Филмот доби одобрувачка критика од околу 85 проценти од мрежната страница Rotten Tomatoes. Критичарите изјавија дека стравот бил честа тема во текот на филмот, и забележале дека за разлика од претходните филмови за Бетмен, овој филм имал помрачен тон. Овој филм бил почетокот на трилогијата за Бетмен на Нолан; продолжението со наслов Мрачниот витез ја имаше својата премиера во јули 2008 година и повторно ги врати заедно Нолан и Бејл, а уште едно продолжение со наслов ,,Мрачниот витез се издигнува” има закажана премиера за јули 2012 година.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/0/0a/Christian_Bale-7837.jpg/640px-Christian_Bale-7837.jpg)
„Бетмен: Почеток“ | |
---|---|
![]() | |
Режисер | Кристофер Нолан |
Продуцент | Ема Томас Чарлс Ровен Лери Џ. Франко |
Сценарист | Screenplay: Кристофер Нолан Дејвид С. Гојер Story: Дејвид С. Гојер Characters: Боб Кејн Бил Фингер (uncredited) |
Главни улоги | Кристијан Бејл Мајкл Кејн Лијам Нисон Кејти Холмс Гери Олдман Килијан Марфи Морган Фриман Том Вилкинсон Rutger Hauer Ken Watanabe |
Музика | Ханс Цимер Џејмс Њутон Хауард |
Кинематографија | Вали Фистер |
Монтажа | Ли Смит |
Дистрибутер | Warner Bros. Pictures |
Премиера | 15 јуни, 2005 |
Времетраење | 140 мин. |
Земја | Соединети Држави |
Јазик | Англиски |
Буџет | $150 милиони |
Бруто заработка | Domestic: $205,343,774 Worldwide: $371,853,783 |
Следен | Темниот витез (2008) |