Кристијан Бејл
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кристијан Чарлс Филип Бејл (англиски: Christian Charles Philip Bale; 30 јануари 1974 ) е англиски глумец. За своите улоги има добиено многу признанија, а покрај другите награди добил Оскар и две награди Златен глобус. Магазинот Форбс, во 2014 година го рангирал како еден од глумците со највисока заработка. Најпознат e според неговите улоги во американските филмови, Бејл глумел и во високобуџетни холивудски филмови и во помали проекти од независни продуценти и уметнички филмови.[1]
Кристијан Бејл | |
---|---|
Кристијан Бејл во јуни 2009 | |
Роден(а) | Кристијан Чарлс Филип Бејл 30 јануари 1974(1974-01-30) (50 г.) Хеверфордвест, Пембрукшир, Велс, Обединето Кралство |
Занимање | глумец |
Активен период | 1982–до денес |
Сопружник | Сандра Блажиќ (2000–до денес; 1 ќерка) |
Публиката првпат го забележува Бејл на возраст од 13 години, кога тој беше избран да ја глуми главната улога во Империја на сонцето на Стивен Спилберг. Тој глумеше англиско момче кое е одвоено од своите родители, а подоцна е изгубен во јапонски логор за време на Втората светска војна. Познат е и по улогата на Брус Вејн во филмовите за Бетмен: Бетмен почнува и Темниот витез, како и серискиот јапи убиец Патрик Бејтмен во Американски психо.
Бејл, покрај во Бетмен, бил во главна улога во низа филмови, како драма филмот Престиж (2006), акциониот филм Терминатор: Спас (2009), криминалистичката драма Државни непријатели (2009), епскиот филм Егзодус: Богови и Кралеви (2014) и суперхеројскиот филм Тор: Љубов и грмотевица (2022). За улогата на боксерот Дики Еклунд во биографскиот филм „Борец“ од 2010 година, освоил Оскар и награда Златен глобус. Номинации за Оскар и Златен глобус и за неговата улога во комедијата Американски измамници (2013) и биографските драми Обложување на столетието (The Big Short) (2015) и Човек од сенка (Vice) (2018). За неговата улога како политичарот Дик Чејни во Човек од сенка ја добил втората награда Златен Глобус, а за улогата на Кен Мајлс во спортската драма Ле Ман '66: Славни 24 часа (Ford v Ferrari) (2019) ја добил петтата номинација за наградите Златен глобус.