Братислава
главен град на Словачка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Братислава (словачки: Bratislava) — главен град на Словачка и со своите 429.000 жители тој е најголем град во републиката.[1] Братислава се наоѓа во југозападниот дел од државата на двата брега на реката Дунав. Поради неговата местоположба и блискоста со австриската и унгарската граница, тој е единствениот град во светот кој граничи со две независни држави.[2] Братислава и Виена се едни од најблиските главни градови во Европа кои се оддалечени нешто помалку од 60 километри.
Братислава Bratislava | |||
град | |||
Стариот град на Братислава | |||
|
|||
Прекар: Убавината на Дунав, Мал голем град | |||
Земја | Словачка | ||
---|---|---|---|
Регион | Братислава | ||
Окрузи | Братислава I, II, III, IV, V | ||
Река | Дунав, Морава, Мал Дунав | ||
Височина | 134 м | ||
Координати | 48°08′38″N 17°06′35″E | ||
Највисока точка | Девинска Кобила | ||
- височина | 514 м | ||
Најниска точка | Дунав | ||
- височина | 126 м | ||
Површина | 367,584 км2 | ||
- градска | 853,15 км2 | ||
- метрополска | 2.053 км2 | ||
Население | 428,791 (2008-12-31) | ||
Првпат споменат | 907 | ||
Управа | Градски совет | ||
Градоначалник | Milan Ftáčnik | ||
Часовен појас | CET (UTC+1) | ||
- лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Поштенски бр. | 8XX XX | ||
Повик. бр. | 421-2 | ||
Рег. таб. | BA, BL | ||
Местоположба во Словачка
| |||
Местоположба во регионот Братислава
| |||
На Ризницата: Братислава Bratislava | |||
Статистики: MOŠ/MIS | |||
Портал: bratislava.sk | |||
Братислава е политички, културен и економски центар на Словачка. Градот е седиште на словачкиот претседател, Собрание и Влада. Исто така во Братислава се наоѓаат неколку универзитети, музеи, театри, галерии и останати значајни културни и економски институции.[3] Голем дел од словачките претпријатија и финансиски институции се наоѓаат токму во главниот град.
Низ историјата градот долго време бил познат под германското име Пресбург и самата историја била под влијание на различни народи како на пример Германци, Чеси, Унгарци, Словаци или Евреи.[4] Градот бил главен град на Кралството Унгарија како дел од поголемата Хабсбуршка монархија[5] од 1536 до 1783 и дом на голем број истакнати словачки, унгарски и германски историски фигури.