Словачка
држава во Средна Европа / From Wikipedia, the free encyclopedia
Словачка Република (словачки: Slovenská republika), неофицијално Словачка (Slovensko) или многу ретко Словакија[6] — независна држава во Средна Европа.[7][8] Има население од околу пет милиони луѓе, а зафаќа површина од 49.000 км2. Словачка нема излез на море и се граничи со Чешка и Австрија на запад, Полска на север, Украина на исток и Унгарија на југ. Најголем град во државата е нејзината престолнина, Братислава. Втор по големина град е Кошице. Словачка е земја членка на Европската Унија, НАТО, ООН, ОЕСР, Светската трговска организација и други.
Словачка Република Slovenská republika (словачки)
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: "Nad Tatrou sa blýska" „Громови над Татрите“ |
||||||
Местоположбата на Словачка (зелена) – на Европскиот континент (светлозелена и сива) |
||||||
Главен град (и најголем) | Братислава 48°09′N 17°07′E | |||||
Службен јазик | словачки | |||||
Народности (2011[1]) | ||||||
Демоним | Словак | |||||
Уредување | Парламентарна република | |||||
• | Претседател | Зузана Чапутова | ||||
• | Премиер | Игор Матович | ||||
Независност | ||||||
• | од Австроунгарија | 28 октомври 1918 | ||||
• | од Чехословачка | 1 јануари 1993 | ||||
пристапила во ЕУ | 1 ма] 2004 | |||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 49,035 км2 (123) | ||||
• | Вода (%) | нема податоци | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2016 г. | 5,435,343 ▲[2] (116-та) | ||||
• | Попис 2011 | 5,397,036 | ||||
• | Густина | 111 жит/км2 (88-ма) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2015 г. | |||||
• | Вкупен | $158.428 милијарди[3] | ||||
• | По жител | $29,209[3] (40) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2015 г. | |||||
• | Вкупно | $87.528 милијарди[3] | ||||
• | По жител | $16,138[3] (43) | ||||
Џиниев коеф. (2019) | 22.8[4] низок |
|||||
ИЧР (2015) | ▲ 0.845[5] многу висок · 40та |
|||||
Валута | Евро (€)2 (EUR2 ) |
|||||
Часовен појас | CET (UTC+1) | |||||
• | (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .sk3 | |||||
Повик. бр. | +4214 | |||||
1 Чехословачка се подели на Чешка и Словачка. 2Словачка го прифати еврото на 1 јануари 2009- €1 = 30.1260SKK. 3 Исто така се користи .eu. 4 Се споделувал со Чешка 0042 сè до 1997. |
Словените пристигнале и се населиле на територијата на денешна Словачка во 5 и 6 век за време на големата преселба на народите. За време на историјата, различни делови од денешна Словачка припаѓале на Кралството на Само (првата позната политичка единица на словените), Кнежевството Нитра (како независно, како дел од Голема Моравија и како дел од Кралството Унгарија),[9] Австроунгарија или Хабсбуршкото Царство и Чехословачка. Самостојна Словачка држава кратко постоела и за време на Втората светска војна, во периодот од 1939-1944, со што подоцна Словачка станала независна од нацистичка Германија. Од 1945 година, Словачка повторно станала дел од Чехословачка. Денешната Словачка станала независна на 1 јануари 1993 со мирен распад на Чехословачка.
Денeска Словачка е високо развиена земја со силна економија,[10][11] со една од најрастечките во ЕУ и ОЕСР.[12] Земјата и се приклучи на Европската Унија во 2004 и на Еврозоната на 1 јануари 2009. Словачка заедно со Словенија се единствените поранешни комунистички земји, кои денеска се дел од Европската Унија, Еврозоната, Шенген зоната и НАТО.