Војводство Брауншвајг
From Wikipedia, the free encyclopedia
Војводство Брауншвајг (германски: Herzogtum Braunschweig) — историска германска држава. Нејзин главен град бил градот Брауншвајг. Таа била основана како држава наследничка на Кнежевството Брауншвајг-Волфенбител од страна на Виенскиот конгрес во 1815 година. Во текот на историјата на Германија во 19 век, војводството било дел од Германскиот Сојуз, Северногерманскиот Сојуз и од 1871 година од Германското Царство. Било распаднато по крајот на Првата светска војна, нејзината територија била инкорпорирана во Вајмарската Република како Слободна држава Брауншвајг.
Кратки факти
Војводство Брауншвајг | ||||||
Herzogtum Braunschweig | ||||||
Држава на Германски Сојуз (1815–66) Држава на Северногермански Сојуз (1866–71) Држава на Германско Царство (1871–1918) | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Војводство Брауншвајг во рамките на Германското Царство | ||||||
Главен град | Брауншвајг | |||||
Јазици | Германски | |||||
Вероисповед | Лутеранство | |||||
Уредување | Уставна монархија | |||||
Војвода | ||||||
- | 1813–1815 | Фридрих Вилхелм (прв) | ||||
- | 1913–1918 | Ернест Август (последен) | ||||
Историски период | Среден век / Прва Светска војна | |||||
- | Виенски конгрес | 1815 | ||||
- | Ноемвриска револуција | 8 ноември 1918 | ||||
Површина | ||||||
- | 1910 | 3672 км² | ||||
Население | ||||||
- | 1910 | 494339 | ||||
Густина | 134.6 жит/км² | |||||
Денес во | Германија | |||||
Затвори