Екваторска клима
вид тропска клима / From Wikipedia, the free encyclopedia
Екваторска клима или влажна тропска клима — вид на тропска клима присутна во појаси од 10. до 15. напоредник од екваторот. Се одликува со висока средна годишна температура, мали температурни разлики и дождови во текот на целата година. Подрачјата со оваа клима обично ја носат ознаката Af според Кепеновата класификација на климата. Екваторската клима типично е врела, многу влажна и дождлива.