Кепенова класификација на климата
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кепенова класификација на климата — еден од најзастапените системи на климатска класификација. Првично е осмислена е климатологот Владимир Кепен во 1884 г, со неколку преработки од самиот автор, од кои најзначајните се направени во 1918 и 1936 г. Подоцна во преработката му се приклучил колегата Рудолф Гајгер, па затоа системот понекогаш се нарекува „Кепен–Гајгерова класификација“.
Системот се темели на поставката дека растителниот свет е најдобар показател за климата во едно подрачје и затоа границите на појасите се водат според распространетоста на дадени видови растенија и дрва. Како фактор во класите се земаат и годишните и месечните температури, врнежите и сезоните во кои се јавуваат.[2]:200–1
Климите се поделени на пет групи, секоја со свои подргрупи, претставени со ознака од 2 до 4 букви.