Економија на Србија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Економијата на Србија — економија чии приходи се базирааат на услужниот сектор зазимајќи две третини од вкупниот бруто-домашен производ (БДП) и функционира на принципите на слободниот пазар. Номиналниот БДП во 2018 година изнесувал 47,654 милијарди долари, што е 6,814 долари по жител, додека БДП врз основа на паритет на куповната моќ (ППП) изнесувал 112,512 милијарди долари, што е 16,089 долари по глава на жител[1].
Економија на Србија | |
---|---|
Валута | српски динар (RSD) |
Фискална година | Calendar year |
Трговски организации | ЦЕФТА, ОЦЕС |
Статистика | |
БДП | ▲ $47.654 милијарди долари (2018)[1] ▲ $112.512 милијарди долари (ПКМ, 2018)[1] |
Пораст на БДП | 2.8% (2016) 1.9% (2017) 3.5% (2018e) 3.5% (2019f) [2] |
БДП/жит. | ▲ $6,814 (2018)[1] ▲ $16,089 (2018)[1] |
БДП по сектор | Услуги: 67.9% Индустрија: 26.1% Земјоделство: 6.0% (2017)[3] |
Инфлација | 2.3% (2019)[1] 2.0% (2018)[1]3.1% (2017)[1] |
Сиромашно население | 7.3% (2017)[4] |
Џиниев коефициент | 37.8 medium (2017, Евростат)[5] |
Работна сила | ▲ 3,2 милиони (2018)[6] |
Работна сила по занимање | услуги: 56.2% индустрија: 24.4% земјоделство: 19.4% (2015)[7][се бара страница] |
Стапка на невработеност | 11.9% (Q2 2018)[8] |
Просечна бруто плата | ▲ 75,296 RSD / €636 / $725 месечно (јануари 2019)[9] |
Просечна нето плата | ▲ 54,521 RSD / €460 / $525 месечно (јануари 2019)[9] |
Водечки индустрии | моторно возило, основни метали, преработка на храна, машини, хемикалии, гуми, фармацевтски производи |
Ранг според Индекс на леснотија | 48-мо (2019)[10] |
Надворешност | |
Извоз | ▲ $23.1 милијарди долари (2018)[11] |
Извозни добра | електрични машини ($12.549 милијарди долари), моторни возила (11.401 милијарди долари), овошје и зеленчук (10.886 милијарди долари), обоени метали (6.819 милијарди долари), производи од гума (5.759 милијарди долари) |
Главни извозни партнери | Италија 13.1% Германија 12.5% Босна и Херцеговина 8% Русија 5.8% Романија 4.8% (2017)[12] |
Увоз | ▲ $26.8 милијарди долари (2018)[11] |
Увозни добра | моторни возила (21.715 милијарди долари), нафта (14.392 милијарди долари), електрични машини (10.168 милијарди долари), машини за општа намена (9.814 милијарди долари), медицински и фармацевтски производи (7.765 милијарди долари) |
Главни увозни партнери | Германија 12.6% Италија 10% Кина 8% Русија 7.2% Унгарија 4% (2017)[12] |
Странски директни инвестиции | ▲ $41.5 милијарди долари (2000-2016)[13] |
Бруто надворешен долг | $29.5 милијарди долари (2017)[13] |
Јавни финансии | |
Јавен долг | 54.1% од БДП (2018)[14] |
Приходи | $17.7 милијарди долари (2017)[13] |
Расходи | $17.6 милијарди долари (2017)[13] |
Економска помош | €2.6 милијарди долари од ЕУ[15] €1.5 милијарди долари of EU IPA (2014–2020)[16] |
Кредитен рејтинг | |
Девизни резерви | ▲ $13.41 милијарди долари (October 2017)[20] |
Главен извор на податоци: Светска книга на факти на ЦИА Сите вредности, освен ако не е запишано поинаку, се во ам. долари |
Најсилните сектори во економијата се енергетика, автомобилската индустрија, рударството и земјоделството[13]. Примарен индустриски извоз се автомобили, железо и челик, гума, облека, пченица, овошје и зеленчук, обоени метали, електрични апарати, метални производи, оружје и муниција. Трговијата игра голема улога во српското економско производство. Главните трговски партнери се Германија, Италија, Русија, Кина и соседните балкански земји[13].
Белград е главен и економски центар на Србија и е дом на повеќето големи српски и меѓународни компании кои работат во земјата, како и Народната Банка на Србија и Белградската берза. Нови Сад е втор по големина град и најважен економски центар по Белград.