Србија
држава во Југоисточна Европа / From Wikipedia, the free encyclopedia
Србија (српски: Србија) — држава на Балканскиот полуостров и во Средна Европа, опфаќајќи го јужниот дел од Панонската Низина и централниот Балкан[9][10] и лежејќи меѓу истоимениот масив и Карпатите на исток, Динаридите на запад, и долината на Морава — важен геостратешки патен правец кој оди према југ кон Солун и источно кон Мала Азија. Релативно кон нејзината историја, култура и релативно мала територија, Србија е различна во нејзиниот транзиционален карактер. Државата нема излез на море и се граничи со Унгарија на север, на исток со Романија и Бугарија, на југ со Република Македонија, на југозапад со Црна Гора, и на запад со Босна и Херцеговина, и Хрватска. Исто така се граничи со Албанија преку спорниот регион Косово.
Република Србија Република Србија Republika Srbija |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: Боже правде Bože pravde Боже на правдата |
||||||
Местоположба на Србија (темно и светлозелено) - Косово (светлозелено)
во Европа (зелено + темносиво) |
||||||
Главен град (и најголем) | Белград 44°48′N 20°28′E | |||||
Службен јазик | српски | |||||
Признаени регионални јазици | унгарски, хрватски, словачки, романски, русински | |||||
Демоним | Срби
(Србин/Србинка) |
|||||
Уредување | Парламентарна република | |||||
• | Претседател | Александар Вучиќ | ||||
• | Премиер | Ана Брнабиќ | ||||
• | Претседател на парламент | Стојан Раденовиќ | ||||
Законодавство | Народна скупштина | |||||
Основање | ||||||
• | Призната од Византија | 780 | ||||
• | Прва независност | 850 | ||||
• | Прво кралство | 1077 | ||||
• | Српска Империја | 1345 | ||||
• | Изгубена независност | 1540[1][2][3] | ||||
• | Српска револуција | 15 февруари 1804 | ||||
• | Независност | 1867/ 1878 | ||||
• | Обединување со Војводина | 1918 | ||||
• | Независна република | 5 јуни 2006 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 88,499 км2 (113-та) | ||||
• | Вода (%) | 0.13 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2022 г. | 6 690 887 (без Косово)[4] (106та) | ||||
• | Густина | 85 жит/км2 (95та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2023 г. | |||||
• | Вкупен | ▲ $164.8 милијарди (без Косово)[5] (80та) | ||||
• | По жител | ▲ $23,534 (без Косово)[5] (68ма) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2017 г. | |||||
• | Вкупно | $50.061 милијарди[6] | ||||
• | По жител | $5,397 [6] (без Косово) | ||||
Џиниев коеф. (2019) | 33.3[7] среден |
|||||
ИЧР (2021) | ▲ 0.802[8] многу висок · 63та |
|||||
Валута | Српски динар (RSD ) |
|||||
Часовен појас | CET (UTC+1) | |||||
• | (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .rs (.yu) | |||||
Повик. бр. | 381 |
Српското население брои околу 7 милиони[11], од кои повеќето се православни христијани. Главниот град на Србија, Белград, е еден од најстарите европски градови, и еден од најголемите во источно-Средна Европа.[10][12][13]
Населена уште од палеолитското време, територијата на денешна Србија се соочила со словенски миграции кон Југоисточна Европа во 6 век, со што се воспоставиле неколку регионални држави во раниот среден век. Српското Кралство добило признавање од Рим и Цариград во 1217 година. Државниот статус бил зголемен кога земјата била прогласена за царство, во 1346 година. До средината на 16 век, целата територија на модерна Србија била ставена под османлиска управа, понекогаш прекинувана од страна на Хабсбуршката династија, која почнала да се шири кон Централна Србија од крајот на 17 век, додека ја одржувала својата моќ во Војводина. Во раниот XIX век, Српската револуција воспоставила народна држава како прв регион кој имал уставна монархија, каде пополека ја проширила својата територија[14] и го пионирала пресекувањето на феудализмот во Европа. По катастрофалните случувања во Првата светска војна, и здружувањето на Хабсбуршка Војводина и Срем со Србија, била основана Југославија со другите јужнословенски народи, која постоела во неколку различни формации до 1990-тите години, кога била формирана унија со Црна Гора[15] и мирно распуштена во 2006 година[16]. Во февруари 2008, парламентот на Косово прогласил независност од Србија, кое добило мешани одговори од страна на меѓународните заедница.
Унитарна парламентарна уставна република, Србија е членка на ООН, Совет на Европа, ЦЕРН, ОБСЕ, Партнерство за мир, Организација за црноморска економска соработка, ЦЕФТА и СТО[17]. Од 2014 година, земјата преговара за пристапот во ЕУ со перспектива за влез во Европската унија до 2025 година[18]. Србија страдала од демократско отстапување во последниве години, и забележала пад во извештаите на Фридом хаус од 2019 година[19]. Од 2007 година, Србија формално се придржува кон политиката на воена неутралност. Земјата обезбедува социјална сигурност, универзална здравствена заштита и основно и средно образование без школарина на своите граѓани. Економијата е со висок среден приход[20] со доминантност во услужниот сектор проследен по големина од страна на индустрискиот сектор и земјоделскиот сектор. Земјата е рангирана релативно високо според индексот на човековиот развој (66)[21], индексот за социјален напредок (45)[22], како и глобалниот индекс на мирот (54)[23].