Корјо
стара корејска држава од 918 до 1392 г. / From Wikipedia, the free encyclopedia
Корјо (хангул: 고려; ханча: 高麗; [ko.ɾjʌ]) ― држава на Корејскиот Полуостров основана по падот на државата Сила во 935 година и постоела до доаѓањето на власт на династијата Чосон во 1392 година.[2] Името на денешна „Кореја“ е изведено од Корјо кое за првпат било употребено на почетокот од 5 век од Когурјо.[3] Според корејските историчари, за време на Корјо, поединечните идентитети на Когурјо, Пекче и Сила биле успешно споени во еден ентитет кој станал основа на денешниот „корејски“ идентитет.[3][4]
Корјо 高麗 (Ханча) 고려 (Хангул) |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Главен град | Главен : Кеѓонг Привремен : Чорвон (918–919) Гангва (1232–1270) Ханјанг (1382–1383, 1390–1391)[1] | |||||
Народности | Корејци | |||||
Уредување | Монархија (918–1392) де факто Воена хунта (1170–1270) |
Времето на државата Корјо било познато како „Златно доба на будизмот“ во Кореја.[5] Во Корјо имало развиена трговија, а трговци доаѓале дури од Блискиот Исток.[6] [7] Главниот град во денешен Кесонг, Северна Кореја бил центар на трговијата и индустријата.[8] Корјо бил период на големи достигнувања во корејската уметност и култура.[9]
Корјо постојано се борел со северните царства како Љао (Китани) и Џин (Џурчени). Кон крајот на 14 век, успеал да се одбрани од големата војска на Црвените турбани од Кина [10][11] и јапонските пирати.[12][13] [14] Последниот напад против династијата Минг завршил со државен удар од генералот Ји Сонг-ги кој ставил крај на династијата Корјо.[15]