Северна Кореја
From Wikipedia, the free encyclopedia
Демократска Народна Република Кореја (корејски: 조선민주주의인민공화국) или позната како Северна Кореја е држава во Источна Азија која го зазема северниот дел од Корејскиот Полуостров. Главен град на ДНР Кореја е Пјонгјанг, а службен јазик во државата е корејскиот јазик. ДНР Кореја се граничи со Кина на север и со Република Кореја на југ. Во крајниот северен дел има допирна точка и со Русија, преку реката Тумен.
Демократска Народна Република Кореја |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: 강성대국 „Моќна и просперитетна нација“ |
||||||
Химна: Патриотска песна |
||||||
Локација на Северна Кореја
|
||||||
Главен град (и најголем) | Пјонгјанг 39°2′N 125°45′E | |||||
Службен јазик | корејски | |||||
Служебно писмо | Чосонгул | |||||
Демоним | Кореец | |||||
Уредување | Унитарна еднопартиска Социјалистичка Република под Tоталитарна Диктатура | |||||
• | Вечен претседател | Ким Ил Сунг (починат)[a] | ||||
• | Врховен водач[2][3] | Ким Џонг Ун | ||||
• | Претседател на Националниот совет | Ким Џонг Ун | ||||
• | Претседател на Собранието | Чое Рионг-хае | ||||
• | Премиер | Ким Ток Хун | ||||
Законодавство | Врховно народно собрание | |||||
Формирање | ||||||
• | Советската администрација | 3 октомври 1945 | ||||
• | 1-а привремена влада | 8 февруари 1946 | ||||
• | 2-а привремена влада | 22 февруари 1947 | ||||
• | Основана КНДР | 9 септември 1948 | ||||
• | Тековен устав | 27 декември 1972 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 120.540 км2 (98.) | ||||
• | Вода (%) | 0,11 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2023 г. | 26.072.217[4] (54та) | ||||
• | Густина | 212 жит/км2 (45та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2015 г. | |||||
• | Вкупен | 40 милијарди долари[5] | ||||
• | По жител | 1800 долари | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2019 г. | |||||
• | Вкупно | 16 милијарди долари[6] | ||||
• | По жител | 640 долари | ||||
Валута | Севернокорејски вон (KPW ) |
|||||
Часовен појас | PYT (UTC+9) | |||||
Датумски формат | гггг/мм/дд (CE) | |||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .kp | |||||
Повик. бр. | +850 | |||||
^ a. умрел 1994, назначен во 1998. ^ b. Ким Јонг Нам е шеф за надворешни работи. |
Корејскиот Полуостров бил под управа на Корејската Империја сè додека истиот не бил заземен од Јапонија по Руско-јапонската војна во 1905 година. По 1945 година, по завршувањето на Втората светска војна, полуостровот бил поделен на две влијателни зони, односно јужниот дел бил под управа на САД, а северниот под Русија. Набрзо, двата окупирани дела создале свои владини тела и двете новосоздадени држави тврделе дека целиот полуостров е под нивна контрола што довело до Корејската војна во 1950 година. Оваа Корејска војна завршила со договор во 1953 година, но официјално двете држави се сè уште во војна бидејќи договорот кој го потпишале не бил мировен.[7] В0 1991 година двете држави биле примени како членки на ООН.[8]
ДНР Кореја е еднопартиски систем каде владее Демократскиот фронт за обединување на татковината предводен од Корејската Работничка Партија.[9][10][11][12] Владата на ДНР Кореја ја следи идеологијата на Џуче која се заснова на самоподршка и била елаборирана од поранешниот претседател Ким Ил Сунг. По неговата смрт, Ким Ил Сунг бил прогласен за Вечен претседтeл на Републиката. Истовремено, Џуче станала официјална државна политика кога се усвоил уставот од 1972 година,[13] иако Кил Ил Сунг ја користел оваа идеологија уште од 1955.[14]
По падот на Советскиот Сојуз, проследен со неколку природни непогоди во ДНР Кореја, државата се соочила со голем глад, што резултирал со смрт на 900.000 до 2 милиони жители.[15] Соочувајќи се со оваа новонастаната ситуација, Ким Џонг Ил го усвоил Сонгунот или „воената политика“ за да ја зацврсти државата и владата.[16] Иако официјално ДНР Кореја е социјалистичка држава, многу странски организации ја посочуваат како тоталитарно сталинистичко диктаторство[10][11][17][18][19] со силен развиен култ кон Ким Џонг Ил и неговото семејство, проследено со најлоши човекови права во светот.[20] ДНР Кореја е држава со најмногу војска во светот со околу 9.495.000 активен, резервен и паравоен состав. Покрај тоа, ДНР Кореја е држава со јадрено оружје и има активна јадрена програма.[21] Поради таинственоста на владата и недозволувањето на слободен проток на странски лица во државата, ДНР Кореја се смета за најизолирана држава во светот.