Ли (река)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ли (кинески: 漓江, пинјин: Lí Jiāng, Лиџанг) — река во покраината Гуангси во НР Кина и притока на Бисерната Река.
Избира во Маоар во округот Сјинган и тече јужно низ окрузите Гуејлин, Јангшуо и Пингле. Во Пингле реката се спојува со две други помали реки и продолжува на југ под името Гуеј, која пак се влева во реката Си, која е западна притока на Бисерната Река во Вуџоу.
Во горното течение, реката Ли е поврзана преку древниот канал Лингчи со реката Сјанг, која тече на север и се влева во Јангцекјанг. Затоа во минатото реките Ли и Гуеј претставувале мошне важни водни патишта кои ја поврзувале долината на Јангцекјанг со делтата на Бисерната Река.
Реките Ли и Гуеј имаат течение од 437 километри со карактеристични стрмни зелени ридови од обете страни. Позната атракција на реката Ли е рибарењето со корморани. Необичните карстни ридови во тие предели неретко се споредуваат со оние во заливот Халонг во Виетнам.