Пинјин
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пинјин (кин. 拼音, пинјин: pīnyīn; [pʰín ín]) — официјален систем на транскрипција на кинеските знаци на латиница во Кина, Малезија, Сингапур и Тајван, а се користи и нашироко во целиот свет.[1] Честопати наоѓа примена и како помагало за изучување на кинескиот јазик, за претставување на кинески имиња и поими во други земји, но и како метод за внесување на кинеските знаци кај сметачите.
Пинјин
| |||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Кинески | 拼音 | ||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||
Шема на кинеската фонетска азбука | |||||||||||||||||||||||||
Традиционално | 漢語拼音方案 | ||||||||||||||||||||||||
Упростено | 汉语拼音方案 | ||||||||||||||||||||||||
|
Автор на системот е Џоу Јоугуанг (р. 1906) кој го осмислил во првобитна верзија кога претседавал со комитетот посветен на романизација во рамките на владата на НР Кина во 1950-тите.[2][3] Владата го објавила системот во 1958 и оттогаш неколкупати е преработен.[4] Во 1982 пинјинот го прифатила и Меѓународната организација за стандардизација како меѓународен стандард ISO 7098.[5] Во 2009 Тајван го усвоил системот како официјален, каде се нарекува „Нов фонетски систем“.[6][7]
Пинјин е една од двете појдовни азбуки преку кои е добиена македонската транскрипција на кинескиот јазик (другата е Вејд-Џајлс).