Министерство за одбрана на Кина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Министерството за национална одбрана на НР Кина (кинески: 国防部; пинјин: Guófángbù) е министерство во надлежност на Државниот совет, а начие чело стои министерот за национална одбрана. Основано е по одлука на првата седница на I Национално народно собрание во 1954 г. За разлика од други земји, министерството не заповеда со вооружените сили, бидејќи тие се под раководство на Централниот воен комитет (ЦВК). Министерството е орган кој служи како претставник на ЦВК и војската во воена размена и соработка со армиите на други држави.
Министерство за национална одбрана | |
---|---|
国防部 | |
Зградата „Првоавгустовска“ — седиште на Министерството за одбрана на НР Кина | |
Податоци за органот | |
Надлежност | Кина |
Седиште | Пекинг |
Раководител | Ли Шангфу (Министер за национална одбрана) |
Матичен орган | Државен совет |
Мрежно место | |
mod.gov.cn (англиски) |
Службените должности на министерството подразбираат обединето раководење со развојот и одржувањето на воените сили, каде спаѓаат регрутацијата, организацијата, опремувањето, обуката, военонаучните истражувања на армијата, но и да водат сметка за чиновите и паричниот надомест на офицерите и професионалните војници. Во практика, сите овие функции ги врши Генералштабот на самата војска, со кој раководи ЦВК.