Надворешни односи на Јужна Кореја
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јужна Кореја одржува дипломатски односи со повеќе од 188 земји. Земјата, исто така, е членка на ООН од 1991 година, кога стана членка во исто време како и Северна Кореја. На 1 јануари 2007 година поранешниот јужнокорејски министер за надворешни работи, Бан Ки Мун, бил избран за Генерален секретар на Обединетите Нации и на таа функција се задржал до 2016 година. Исто така, Јужна Кореја има развиени врски со Асоцијацијата на југоисточни азиски земји како член на ASEAN Plus three.
Во 2010 година, Јужна Кореја и Европската унија склучиле договор за слободна трговија (ССТ) за намалување на трговските бариери. Јужна Кореја, исто така, преговара за Договор за слободна трговија со Канада[1], и со Нов Зеланд[2]. Во ноември 2009 година, Јужна Кореја се приклучила на Комитетот за помош на ОЕЦД за развој, и станала прва земја која некогаш примила помош од оваа организација, а денес е донаторска членка. Јужна Кореја била домаќин на Самитот на Г-20 во Сеул во ноември 2010 година.