Предраг Стојаковиќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Предраг "Пеџа" Стојаковиќ (роден 9 јуни 1977 ) е поранешен српски кошаркар, кој играл на позицијата крило. Во својата кариера играл за Црвена Ѕвезда и ПАОК во Европа, како и за Сакраменто Кингс, Индијана Пејсерс, Њу Орлеанс Хорнетс, Торонто Репторс и Далас Маверикс во НБА лигата.
|
Стојаковиќ бил избран вкупно како 14-ти пик на НБА драфтот 1996 од страна на Сакраменто Кингс. На клубот му се приклучил две години подоцна во 1998, а благодарение на својте добри игри во дресот на Кингс тој трипати бил учесник на Ол-стар натпреварите (2002, 2003 и 2004) и избран во втората најдобра петорка на НБА во 2004 година. Познат како многу добар шутер, тој, исто така, двапати бил победник во НБА натпреварот во шутирање тројки во 2002 и 2003 година. По завршувањето на кариерата Сакраменто Кингс во негова чест го повлекле од употреба неговиот дрес со број 16.[1]
По заминувањето од Сакраменто, Стојаковиќ променил неколку екипи во НБА, а со последната од нив, Далас Маверикс, ја освоил својата прва и единствена НБА титула во кариерата во сезоната 2010-2011 (неговата последна сезона во каирерата) совладувајќи ги во финалето Мајами Хит со 4-2.
Со репрезентацијата на СР Југославија, освојувал златни медали на Европското првенство 2001 и Светското првенство 2002.