Слободна Држава Орање
независна бурска република во Африка (1854-1902) / From Wikipedia, the free encyclopedia
Слободна Држава Орање (холандски: Oranje Vrijstaat; африканс: Oranje-Vrystaat) ― независна суверена бурска република во Јужна Африка која постоела од 1854 година до крајот на Втората Бурска војна во 1902 година. Државата е една од трите историски претходници на денешната покраина Фри Стејт.
Слободна Држава Орање Oranje Vrijstaat (холандски)
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: "Geduld en Moed" „Трпение и храброст“ |
||||||
Химна:
|
||||||
Државен печат |
||||||
Главен град | Блумфонтејн | |||||
Уредување | Република | |||||
Законодавство | Фолксрад | |||||
Валута | Фунта на Слободна Држава Орање |
Слободната Држава Орање се протегала меѓу реките Орање и Вал, а нејзините граници ги одредило Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска во 1848 година откако претходно регионот бил прогласен за Суверенитет на Реката Орање, на чело со британски резидентен министер со седиште во Блумфонтејн.[1] Блумфонтејн и јужните делови од Суверенитетот претходно биле населени од народот Гриква и од Трекбури преселени од колонијата Кејп.
По доделувањето на суверенитет на Трансвалската Република, Британците сакале да се повлечат од администрирањето на територијата меѓу реките Оранње и Вал. Затоа Британците ја признале независноста на Суверенитетот на Реката Орање и на 23 февруари 1854 година со потпишувањето на Конвенцијата за Реката Орање земјата официјално стекнала независност под името Слободна Држава Орање. [1]
Во 1900 година, Британците ја анектирале Слободна Држава Орање и била припоена кон британските доминиони под името Колонија на Реката Орање. Државата официјално престанала да постои како независна бурска република на 31 мај 1902 година по потпишувањето на Веренигиншкиот договор со кој се ставил крај на Втората бурска војна. Во 1907 година територијата станала самоуправна колонија и во 1910 година заедно со Провинцијата Кејп, Натал и Трансвал се приклучила на Јужноафриканската Унија под името Провинција Слободна Држава Орање. Во 1961 година, Јужноафриканската Унија станала Јужноафриканска Република.
Името на републиката делумно потекнува од реката Орање, која била именувана во чест на холандското владејачко семејство, династијата Орање, чие име пак потекнува од неговото делумно потекло во Кнежевството Оранж во Француска Бургундија. [2] Официјален јазик во Слободната Држава Орање бил холандскиот.[1]