Холандски јазик
западногермански јазик / From Wikipedia, the free encyclopedia
Холандски (Nederlandsⓘ) — западногермански јазик, мајчин јазик на Холанѓаните. Јазикот е доминантен во Холандија, во повеќе од половината на Белгија и Суринам. Повеќето од говорниците на холандскиот јазик се наоѓаат во Европската Унија, каде е мајчин јазик на околу 23 милиони луѓе, а како втор јазик го зборуваат околу 5 милиони.[2][3]
Холандски јазик | |||
---|---|---|---|
Фламански јазик Nederlands, Vlaams | |||
Изговор | [ˈneːdərlɑnts] ( слушни) | ||
Застапен во | Воглавно во Холандија, Белгија, и Суринам; но и во Аруба, Курасао, Свети Мартин, како и во Франција. | ||
Подрачје | Западна Европа, Јужна Америка и Карипски Острови. | ||
Говорници | 23 милиони (2006)[1] вкупно: 28 милиони[2] (без африканс) | ||
Јазично семејство | индоевропско
| ||
Претходни облици: | старохоландски
| ||
Писмо | холандска латиница | ||
Статус | |||
Службен во | Аруба Белгија Курасао Холандија Свети Мартин (Холандија) Суринам Бенелукс ЕУ СЈАН | ||
Признаен како малцински во | ЈАР Намибија Индонезија | ||
Регулативен орган | Nederlandse Taalunie (Холандски јазичен сојуз) | ||
Јазични кодови | |||
ISO 639-1 | nl | ||
ISO 639-2 | dut (B) nld (T) | ||
ISO 639-3 | Разни: nld — холандски/ фламански vls — западнофламански zea — зеландски lim — лимбуршки | ||
Linguasphere | 52-ACB-a (варијанти: 52-ACB-aa до -an) | ||
Региони каде се зборува холандскиот. | |||
|
Холандски јазик | |
Писмо | латиница |
Пример | Прв член од „Декларацијата за човекови права“ |
Текст | Alle mensen worden vrij en gelijk in waardigheid en rechten geboren. Zij zijn begiftigd met verstand en geweten, en behoren zich jegens elkander in een geest van broederschap te gedragen. |
Македонски | Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност. |
Портал: Јазици |
Холандскиот е службен во Холандија, Белгија, Суринам, Аруба, Курасао и Свети Мартин. Холандските дијалекти се зборуваат и во делови од Франција или Германија, а во помал дел и во Индонезија,[б 1] и до пола милион Холанѓани кои живеат во САД, Канада и Австралија.[б 2] Кејпскохоландските дијалекти во Јужна Африка биле стандардизирани и денес се познати како африканс, јазик кој потекнува од холандскиот[б 3] и кој денес се зборува од 15 до 23 милиони луѓе во Јужноафриканската Република и Намибија.[б 4]
Холандскиот е сроден со германскиот и англискиот [б 5] и се вели дека е помеѓу овие два јазика.[б 6] Освен тоа што не подлегнал на промената на согласките, холандскиот - како и англискиот - не користи падежи, нема прегласи како граматички бележници и има морфолошки нивелирање.[б 7] Холандскиот има три рода,[4] но ова разграничување има мали граматички последици одошто тие во германскиот.[б 8] Холандскиот со германскиот ја споделува употребата на зборовниот редослед подмет-прирок-предмет во независни реченици, и подмет-предмет-прирок во зависни реченици.[б 9] Холандскиот зборовен фонд е воглавно од германско потекло, како и во германскиот и англискиот јазик, но има повеќе позајмени зборови од романските јазици во однос на германскиот, а помалку во однос на англискиот.[б 10]