Тропска клима
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тропска клима е климата на тропските региони во светот. Според Кепеновата класификација, ова е неаридна клима каде во сите месеци од годината средната температура изнесува над 18 °C. За разлика од вонтропските подрачја, каде има значајни разлики во должината на денот и температурата зависно од годишното време, тропската температура е помалку или повеќе иста во текот на годината, а најзначајна сезонска промена е присуството на врнежи.