Хебрејска азбука
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хебрејска азбука или хебрејско писмо (алеф-бет, на хебрејски: אָלֶף-בֵּית עִבְרִי, алефбет 'иври) — азбука од 22 букви и се користи за пишување на хебрејскиот јазик. Пет од овие букви имаат различна форма кога се појавуваат на крај од зборот. Хебрејските букви се користат за пишување и на неколку хебрејски јазици во дијаспората како на пример јидиш, ладино и јудеоарапските јазици. Писмото се пишува од десно кон лево.
Хебрејска азбука | |
---|---|
Тип | |
Период | III в. п.н.е. до денес |
Правец на пишување | од десно кон лево |
Јазици | хебрејски, јидиш, ладино и јудеоарапските јазици (вид. Еврејски јазици) |
Сродни писма | |
Матични системи | египетски хиероглифи
|
Сродни системи | набатејска сириска палмиренска мандајско брахмиско пахлависко согдиско |
ISO 15924 | |
ISO 15924 | Hebr, 125 , Hebrew |
Уникод | |
Уникоден назив | Hebrew |
Уникоден опсег | U+0590 to U+05FF, U+FB1D to U+FB40 |
Оваа страница може да содржи фонетски симболи од меѓународната фонетска азбука (МФА). |
Хебрејскиот збор за „азбука“ е אלפבית (alephbet), именуван според називот на првите две букви од азбуката. Оваа азбука е абџадска, што значи користи симболи само за согласки, но подоцна се создале средства за означување на самогласките со додавање на посебен самогласен знак наречен никуд.
Бројот на букви, редоследот на буквите и фонетичката вредност на буквите од хебрејскиот јазик се горе долу исто со арамејскиот јазик, бидејќи двата јазика го презеле феникиското писмо за пишување.
Според современите јазичари, модерното писмо (наречено и како квадратесто писмо или блоковно писмо) еволуирало во 3 милениум п.н.е. од арамејското писмо кои се користело од евреите за пишување на нивниот јазик од VI век п.н.е. Пред тоа, евреите користеле писмо настанато од феникиското писмо и тоа писмо се користи и денес самариќаните го користат тоа писмо за религиски потреби[1].