Хебрејски јазик
јазик / From Wikipedia, the free encyclopedia
Хебрејски јазик (עִבְרִית, ivrit) — семитски јазик, дел од подгрупата на канански јазици од поголемата група на северозападни семитски јазици. Јазикот е матичен и национален јазик на Израел и истиот го зборуваат околу 10 милиони луѓе во светот.[3][4] Историски, за хебрејскиот се смета дека е јазикот на Израелитите и нивните потомци, иако самиот јазик не се именува како „хебрејски“ во Танах.[белешка 2] Најраните примери за пишан палеохебрејски датираат од 10 век п.н.е.[5] Денес, хебрејскиот е единствен жив јазик од групата на канански јазици, а воедно и единствен вистински успешен пример за јазично оживување.[6][7]
Хебрејски јазик | |
---|---|
עברית, Ivrit | |
Дел од Свитокот на храмот, еден од најдолгите делови од Свитоците од Мртвото Море | |
Изговор | [(ʔ)ivˈʁit] – [(ʔ)ivˈɾit][белешка 1] |
Застапен во | Израел |
Подрачје | Израелска Земја |
Народ | Израелити; Евреи и Самариќани |
Изумрен | древниот хебрејски исчезнал до 586 година, преживеал како литургиски јазик за јудаизмот[1][2] |
Јазично семејство | афроазиско
|
Претходни облици: | библиски хебрејски
|
Стандардни облици | |
Писмо | хебрејска азбука палеохебрејска азбука (архаичен библиски хебрејски јазик) империјално арамејско писмо (доцен библиски хебрејски јазик) |
Статус | |
Службен во | Израел |
Регулативен орган | Академија на хебрејскиот јазик האקדמיה ללשון העברית (HaAkademia LaLashon HaʿIvrit) |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | he |
ISO 639-2 | heb |
ISO 639-3 | Разни: heb — современ хебрејски јазик hbo — класичен (литургиски) smp — самарјански (литургиски) obm — моапски (исчезнат) xdm — едомитски (исчезнат) |
Linguasphere | 12-AAB-a |
Региони каде се зборува хебрејскиот: темносини се регионите каде е мнозински јазик, а светлосини се регионите каде е малцински јазик | |
|
Хебрејскиот престанал да биде средство за секојдневно општење некаде во периодот од 200 до 400 година, особено по катастрофалните последици од Востанието на Бар Коха.[1][8][белешка 3] Во тој период како меѓународен јазик се појавил арамејскиот, особени меѓу елитната класа и имигрантите.[10] Во Средновековието јазикот опстојал како јазик на еврејската литургија, рабинската книжевност, меѓуеврејска трговија и еврејската поезија. Почетокот на јазичното оживување на хебрејскиот бил во 19 век, кога хебрејскиот полека започнал да станува говорен и пишан јазик меѓу Евреите. Јазикот станал „лингва франка“ на палестинските Евреи, а како последица на тоа и на денешен Израел.
Современиот хебрејски јазик е службен јазик на државата Израел. Јазикот е втор јазик на Арапите во Израел, а истиот го изучуваат и Евреи кои живеат надвор од Израел, но и археолози и јазичари кои се специјализираат за студии за Блискиот Исток. Хебрејскиот јазик е јазик на Еврејската Библија и Стариот завет и поради тоа Евреите го именуваат јазикот и како „свет јазик“.