Кокошка
вид домашна птица / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кокошка или домашна кокошка (науч. Gallus gallus domesticus) е подвид на птици која често се одгледува како живина. Се смета потекнува од југоисточна Азија, и дека еволуирала од дивите видови како банкивската кокошка (Gallus gallus). Оваа птица е најраспространета на земјата. Ова е одомаќинета птица, подвид на дивата банкивска кокошка од Виетнам, припитомена пред 10.000 години. До оваа откритие, конвенцијалната мудрост велеше дека кокошката е припитомена во Индија. Од Индија припитомената кокошка дојде до Персија. Од Персијанизираното кралство Лидија во западна Мала Азија, „домашната птица“ била пренесена во Грција, се претпоставува, околу 5 век пред нашата ера. „Птицата“ била позната во Египет од 18та династија како „птицата која несе секој ден“, според аналите на Тутмос III. Птицата не се спомнува во Стариот завет. Некои генетски истражувања покажуваат дека кокошката потекнува од црвената и сивата дива кокошка. Иако хибридите од два диви типа имаат тенденција кон стерилност, покажува дека генот за жолта кожа присутен кај домашната кокошка не е присутен кај најблиската роднина, Црвената Дива кокошка. Се мисли дека жолтата кожа кај домашната кокошка доаѓа од сивата дива кокошка. Кокошката е најраспространето домашно животно. Со популација повеќе од 24 милијарди до 2003 година, во светот има повеќе кокошки од било која птица. Луѓето ги одгледуваат кокошките најмногу како храна, консумирајќи го месото и јајцата.
Кокошка | |
---|---|
Петел (лево) и кокошка (десно) | |
припитомен | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Кокошковидни |
Семејство: | Фазани |
Род: | Диви кокошки |
Вид: | банкивска кокошка |
Подвид: | Домашна кокошка |
Триномен назив | |
Gallus gallus domesticus (Линеј, 1758) |
Денес постајат поголем број раси на кокошки и во принцип се делат на раси за месо и раси за јајца. Расите за месо вообичаено се тешки и даваат помалку јајца, додека расите за јајца се полесни и можат да дадат и до 270 јајца годишно. Најважни комерцијални раси се Лонгајланд, Орпингтон, Легхорн, Маран и други. Нај одгледувана кокошка кај нас во фармите е Бројлерот. Полна зрелост кокошката достигнува со околу три месеци, а инкубациониот период трае 21 ден.