30 мај
датум / From Wikipedia, the free encyclopedia
30 мај — 150-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (151-и во престапна година). Остануваат 215 денови до крајот на годината.
<< | мај | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
01 | 02 | 03 | 04 | |||
05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 | 11 |
12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | |
2024 |
Настани:
1498 | Кристофер Колумбо, шпански морепловец со Италијанско потекло, со шест бродови испловил од шпанското пристаниште Санлукар на третото патување во Новиот Свет, при што ги открил Тринидад и брегот на Јужна Америка. |
1969 | Гибралтар добил статус на британски доминион со внатрешна самоуправа. |
1973 | Западна Германија и Чехословачка потпишале Договор за нормализација на односите, ставајќи крај на 32-годишните несогласувања меѓу двете земји. |
1981 | Во Бангладеш, во обидот за државен удар, бил убиен претседателот Ајаур Рахман. |
1998 | Во земјотресот, што ја зафатил северната авганистанска покраина Тахар, загинале најмалку три илјади лица. |
Родени:
1220 | Александар Невски — голем кнез на Новгород и Владимир и руски светец. |
1845 | Амадеј I — крал на Шпанија. |
1875 | Џовани Џентиле — италијански неохегелијански идеалистички филозоф и политичар. |
1876 | Владимир Назор — хрватски писател. |
1896 | Хауард Хокс — американски филмски режисер. |
1909 | Бени Гудман — американски џез-музичар. |
1922 | Александар Матковски — македонски историчар, прв доктор на историски науки од Македонија и прв историчар ориенталист. |
1928 | Густав Леонхарт — холандски клавијатурист и диригент, истакнат деец во областа на автентичната музичка изведба |
1932 | Хосе Мело — филипински правник. |
1934 | Алексеј Леонов — советски космонаут. |
1936 | Димитар Димитров — македонски поет. |
1937 | Љубиша Георгиевски — македонски политичар и филмски и театарски режисер. |
1946 | Драган Џаиќ — српски и југословенски фудбалер. |
1949 | Симјон Симев — македонски поет. |
1950 | Саво Костадиновски — македонски поет. |
1950 | Бертранд Делано — градоначалник на Париз. |
1951 | Здравко Чолиќ — босанско-српски поп-пејач. |
1955 | Топер Хедон — англиски рок-музичар, член на групата „Клеш“ (The Clash). |
1958 | Мари Фредриксон — шведска поп-пејачка, членка на групата „Роксет“ (Roxette). |
1959 | Блаж Слишковиќ — босански и југословенски фудбалер и тренер. |
1964 | Венко Андоновски — македонски писател. |
1964 | Том Морело — американски рок-музичар, член на групата „Саундгарден“ (Soundgarden). |
1966 | Томас Хеслер — германски фудбалер. |
1973 | Лариса Косорукова — израелска кану-спринтерка. |
1974 | Николина Кујача — македонска глумица. |
1980 | Стивен Џерард — англиски фудбалер и тренер. |
1981 | Девендра Банхарт — фолк-рок-музичар. |
1986 | Марко Симоновиќ — српски кошаркар. |
1993 | Зак Ледеј — американски кошаркар. |
1996 | Александар Головин — руски фудбалер |
Починале:
1431 | Јованка Орлеанка — француска национална хероина од Стогодишната војна (1337 - 1453.). |
1574 | Шарл IX — крал на Франција. |
1594 | Балинт Балаши — ренесансен лирски поет, основач на современата унгарска лирика. |
1640 | Петар Паул Рубенс — фламански сликар. |
1744 | Александар Поуп — англиски поет. |
1778 | Франсоа Волтер — француски писател, историчар и филозоф. |
1905 | Бранивое Јовановиќ-Брана — војвода на Српскиот комитет на четничката акција. |
1918 | Георгиј Валентинович Плеханов — руски филозоф, политичар, историчар, критичар, естетичар и социолог. |
1951 | Херман Брох — австриски писател. |
1960 | Борис Пастернак — руски и советски писател. |
1963 | Рибејро Коуто — бразилски писател и дипломат. |
1986 | Хенк Мобли — американски џез-музичар. |
1989 | Зинка Миланов — американска оперска пејачка. |
1994 | Павле Савиќ — српски физичар и хемичар. |