5 јули
датум / From Wikipedia, the free encyclopedia
5 јули — 186-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (187-и во престапна година). Остануваат 179 денови до крајот на годината.
<< | јули | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | |
07 | 08 | 09 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | 31 | |||
2024 |
Настани:
1687 | Исак Њутн ја објавува книгата „Математички начела на природната филозофија“. |
1811 | Венецуела објавува независност од Шпанија. |
1830 | Франција го окупира Алжир. |
1884 | Германија го освојува Камерун. |
1946 | Во Париз, Франција, за првпат е промовиран новиот женски костум за капење - бикинито. |
1954 | Елвис Присли ја има својата прва снимачка сесија. Ги пее That's All Right (Mama) како и Blue Moon of Kentucky. За многумина овој ден го означува раѓањето на рокенролот. |
1962 | Алжир добива независност од Франција. |
1975 | Зелено'ртските Острови добија независност од Португалија. |
1977 | Со воен удар во Пакистан е соборен Зулфиќар Али Буто, првиот слободно избран пакистански премиер. |
1989 | Се емитува првата епизода од комичната серија Зајнфелд, прогласена за најдобро телевизиско шоу според влијателното списание TV Guide. |
2000 | Излегува првиот број на дневниот весник „Вест“ |
2006 | Парламентарни избори во Македонија: Победа на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ. водачот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски стана премиер на Република Македонија. |
Родени:
1321 | Јована — кралица на Шкотска. |
1855 | Влахо Буковац — истакнат хрватски сликар. |
1857 | Клара Цеткин — германски политички активист, борец за женски права. |
1889 | Жан Кокто — француски писател, поет, дизајнер, драматург, боксерски менаџер и режисер. |
1891 | Тин Уевиќ — хрватски поет. |
1891 | Џон Хауард Нортроп — американски хемичар, добитник на Нобеловата награда. |
1911 | Жорж Помпиду — француски политичар. |
1928 | Стеван Раичковиќ — српски поет. |
1936 | Џејмс Мирлис — шкотски економист, добитник на Нобеловата награда во 1996 година. |
1943 | Роби Робертсон — канадски рок-музичар, член на групата „Бенд“ (The Band). |
1950 | Хју Луис — американски рок-пејач и глумец. |
1961 | Златко Сарачевиќ — хрватски и југословенски ракометар. |
1966 | Џанфранко Ѕола — италијански фудбалер. |
1969 | РЗА — американски рапер, музички продуцент и глумец. |
1973 | Рошин Марфи — ирска пејачка. |
1973 | Камила Андерсен — данска ракометарка. |
1975 | Ернан Креспо — аргентински фудбалер. |
1979 | Милош Симовиќ — српски криминалец. |
1982 | Филип Жилбер — белгиски велосипедист. |
1986 | Пјермарио Морозини — италијански фудбалер. |
1987 | Александер Кристоф — норвешки велосипедист. |
1989 | Алексеј Цатевич — руски велосипедист. |
1989 | Дејан Ловрен — хрватски фудбалер. |
1993 | Лука Циндриќ — хрватски ракометар. |
1996 | Овцата Доли — првиот клониран цицач. |
Починале:
1833 | Жозеф Ниепс — француски иноватор, човекот кој ја направил првата успешна трајна фотографија. |
1932 | Саша Черни — руски поет. |
1939 | Ефтим Спространов — македонски револуционер. |
1965 | Порфирио Рубироса — доминикански дипломат, возач на Формула 1 и меѓународен плејбој. |
1969 | Валтер Гропиус — германски архитект. |
1987 | Карел Стекли — чехословачки режисер. |
1988 | Драга Чаловска - Секуловска — македонска новинарка. |
2021 | Ричард Донер — американски режисер. |
Празници:
* | Венецуела — Ден на независноста. |
* | Алжир — Ден на независноста. |
* | Зелено’ртски Острови — Ден на независноста. |