Minor Threat
From Wikipedia, the free encyclopedia
Minor Threat е распаднат американски хардкор панк бенд, создаден во 1980 година во главниот град Вашингтон од вокалот Ијан Мекеј и тапанарот Џеф Нелсон. Двајцата порано биле во повеќе бендови заедно. Во формирањето на бендот им се приклучуваат Брајан Бејкер на бас гитара и Лил Преслар на гитара. Во 1982 година составот се проширува на пет луѓе кога во бендот доаѓа и Стив Хансген. Тој ја презема бас гитарата, а Бејкер преминува на втора гитара. Името на бендот во превод значи Безначајна закана.
Minor Threat | |
---|---|
Настап на бендот во Вашингтон, САД во 1981 г. (Од лево кон десно: Лил Преслар, Брајан Бејкер, Ијан Мекеј) | |
Животописни податоци | |
Потекло | Вашингтон, САД |
Жанрови | Хардкор панк |
Период на активност | 1980-1983 |
Издавачи | Dischord Records |
Бендот не постоел долго, распуштајќи се по четири години, сепак тој имал силно влијание на панк сцената, стилски но и во воспоставувањето на DIY етиката. Песната „Straight Edge“ станала подлога за појавувањето на Стрејт Еџ движењето, чии поддржувачи се против алкохолот, дрогата и промискуитетот.[1] Се смета дека Minor Threat заедно со бендовите Bad Brains од Вашингтон и Black Flag од Калифорнија ги поставија стандардите за многу хардкор панк бендови во 1980-тите и 1990-тите.