Над Татрите светат
From Wikipedia, the free encyclopedia
Над Татрите светат (словачки: Nad Tatrou sa blýska) е државна химна на Словачката Република. Текстот за химната е напишан од страна на Јанко Матушка во 1844 година, додека за мелодијата инспирација била народната песна Kopala studienku (Копала извор). Песната стекнала голема популарност за време на буните од 1848 и 1849 година и од тогаш стаува национална песна на Словаците.
Кратки факти макед. Над Татрите светат, Текст ...
макед. Над Татрите светат | |
---|---|
Првата печатена верзија на „Над Татрите светат“ | |
Национална химна на Словачка | |
Текст | Јанко Матушка, 1844 |
Музика | народна песна |
Усвоена | 1 јануари 1993 Словачка |
Затвори
Првата строфа, заедно со првата строфа на чешката химна „Kde domov můj?“ (Каде е мојот дом) ја сочинувале химната на Чехословачка од нејзиното формирање во 1920 година, па сè до мирната дисолуција на Словачка и Чешка на 1 јануари 1993 година, кога првите две строфи од химната биле прогласени за посебни национални химни.