Јазол (единица)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јазол (крат. kn или јаз) — единица за брзина еднаква на една морска милја (1,852 км) на час. Меѓународната хидрографска организација (МХО), каде членуваат сите поморски држави, ја претпочита кратенката kn;[1] но, мошне застапена е и кратенката kt (множ. kts).[2][3]. Јазолот како не е SI-единица, но е прифатен за употреба со единиците на SI.[4] Оваа единица наоѓа поширока примена во светот во области како метеорологијата, морепловството и воздухопловството. На пример, бродот кој патува со 1 јазол долж некој меридијан поминува 1 минута географска должина за еден час. Единицата е наречена по јазлите на јажето на чиј крај е приврзан исечок од талпа наречен „лог“.[5]