Јужни бантоидни јазици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јужните бантоидни јазици (широки банту-јазици, бин) се гранка на бантоидните јазици од групата на нигер-конгоански јазици. Според Ethnologue, тука влегуваат вкупно 643 јазици, вклучувајќи ги најважните од мошне распространетото семејство на банту-јазици.
Кратки факти јужни бантоидни јазици, Географска распространетост: ...
јужни бантоидни јазици | |
---|---|
широки банту-јазици | |
Географска распространетост: | потсахарска Африка, но не позападно од Нигерија |
Класификација: | нигер-конгоански
|
Гранки: |
? бенди
тивоидни
? есимби
? бефанг (менчум)
момо
источна бебоидна
? буру
мамфе (њанг)
фуру
екоидна–мбе
западна бебоидна ?
полјански
? џараванска (банту?)
? мбам (банту?)
(тесна) банту (целовитоста е под прашање)
|
Затвори
Групирањето е воведено во 1989 како дел од предлогот да се поделат бантоидните јазици на северни и јужни. Подоцна, исправноста на северната група е доведена во прашање, но јужните неоспорливо се сметаат за целина,
Јужните бантоидни јазици се делат на разни „тесни“ банту-јазици како џараванските, тивоидните, бебоидните, мамфе (њанг), полјанските и екоидните.[1] Тивоидните, момо и бебоидните може да образуваат своја група заедно со неопределените јазици есимби и буру:
- ? бенди
- тивоидно–бебоидни: тивоидни, есимби, источни бебоидни, ? момо, ? буру, ? бефанг (менчум)
- фуру (со бебоидните?)
- мамфе
- екоидни–мбе: екоидни, мбе
- западни бебоидни (несигурна исправост)
- банту: полјански (? момо), џаравански–мбам, тесни банту