Џенифер Лопес
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џенифер Лин Лопес (англиски: Jennifer Lynn Lopez) — позната американска глумица, поп-пејачка и танчерка. Родена е на 24 јули 1969 [1] во Бронкс, Њујорк, од родители со порториканско потекло: Гвадалупе Родригес и Дејвид Лопес. Има две сестри, Линда и Лесли. Посетувала католичко средно училиште каде што почнала да се занимава со спорт, а од 16 години започнала да посетува часови по танцување и пеење. Го напуштила школувањето после еден семестар на колеџ и целосно се посветила на танцувањето.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Нејзин прв позначаен настап како танчерка бил во популарното телевизиско шоу „Во живи бои“ (In Living Color), а нејзин прв познат филмски настап е во филмот „Воз со пари“ (Money Train). Како пејачка се проби во врвот на популарната музика со деби албумот „На 6-ка“ (On the 6) објавен на 1 јуни 1999, како и со вториот албум „Џеј Ло“ (J.Lo).