![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/thumb/c/c3/Avatar1.jpg/640px-Avatar1.jpg&w=640&q=50)
Аватар (филм од 2009)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Аватар (некогаш познат и како Аватар на Џејмс Камерон, а во 3Д-светот познат како Аватар: IMAX 3Д-искуство[3]) — епски научнофантастичен филм на режисерот Џејмс Камерон. Аватар спаѓа во еден од најочекуваните филмови во првата деценија на новиот милениум, а со буџетот во износ од 237 милиони долари, спаѓа во најскапите филмски проекти на сите времиња[4].
„Аватар (Avatar)“ | |
---|---|
![]() Официјален постер | |
Режисер | Џејмс Камерон |
Продуцент | Џејмс Камерон |
Сценарист | Џејмс Камерон |
Главни улоги | Сем Вортингтон Зои Салдана Мишел Родригес Сигурни Вивер |
Жанр | драма |
Кинематографија | Маури Фиоре |
Дистрибутер | 20th Century Fox |
Премиера | 10 декември 2009 ![]() |
Времетраење | 162 мин. |
Земја | ![]() |
Јазик | англиски |
Буџет | $237 милиони |
Бруто заработка | $2,922,917,914[1][2] |
Следен | Аватар: Патот на водата |
Аватар е дело на Камерновата продуцентска куќа Лајтсторм ентeртејнмент. Дистрибуцијата на филмот ја работи „Фокс“, а светската премиера беше на 16 ноември 2009. [5], чие прикажување беше во 2Д и 3Д техника, како и во IMAX 3Д само во посебни кино центри.
На својата премиера, Аватар заработи од продажбата на картите милиони долари, соборувајќи ги сите рекорди за еден оригинален филм. Филмот достигнува рекордна гледаност и огромна заработка, влегувајќи во списокот на најпрофитабилни филмови некогаш снимени. Критичарите го фалеа филмот и посебно ги истакнуваа неговите компјутерски ефекти. Номиниран е за голем број награди, вклучувајќи и Златен глобус и Оскар, а добитник е и за Златен Глобус во категоријата за “најдобар филм“, а и за неговото остварување за “најдобар режисер“.