Австралиска Антарктичка Територија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Австралиска Антарктичката Територија (ААТ) — дел од Источен Антарктик управуван од Австралиската антарктичка дивизија, агенција на федералниот Оддел за земјоделство, вода и животна средина. Во 1841 година Обединетото Кралство ја прогласило Ендербиевата Земја за своја територија, која потоа била проширена и во 1933 година била пренесена во владение на Австралија. Ова е најголемата територија на Антарктикот која некоја нација ја поседува. Во 1961 година стапил на сила Антарктичкиот договор. Членот 4 се однесува на територијални претензии, кој иако не ги одзема или намалува поранешните тврдења за суверенитет, тој исто така не ја нарушува позицијата на договорните страни во нивното признавање или непризнавање на територијалниот суверенитет. Како резултат на тоа, само четири други земји - Нов Зеланд, Обединетото Кралство, Франција и Норвешка - го признаваат барањето на Австралија за суверенитет на Антарктикот.[1]
Австралиска Антарктичка Територија | ||
---|---|---|
Australian Antarctic Territory | ||
| ||
Карта на Антарктикот која ги покажува Австралиските територијални претензии(црвеното подрачје) | ||
Суверена држава | Австралија | |
Прогласена за Британска територија | 1841 | |
Пренос на владение на Австралија | 1933 | |
Главна база | Станица Дејвис 68°34′36″S 77°58′03″E | |
Службени јазици | Англиски | |
Управа | Зависност под уставна монархија | |
• Монарх | Елизабета II | |
• Генерален гувернер | Дејвид Харли | |
• Австралиски гувернер министер | Сузан Леј | |
• Главен научен советник | Гвен Фентон | |
Површина | ||
• Вкупна | 5,896,500 км2 | |
Население | ||
• Проценка | помалку од 1,000 | |
Валута | Австралиски долар (AUD) | |
Повик. бр. | +672 1x | |
НДД |