Александар Вучиќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Александар Вучиќ (5 март 1970 во Белград) — српски политичар кој од 31 мај 2017 е претседател на Република Србија. Вучиќ пред ова бил министер за информирање во владата на Мирко Марјановиќ во периодот 1998–2000 како член на Српската радикална партија. Во 2008 станал член на Српската напредна партија на Томислав Николиќ, а откако Николиќ во 2012 станал претседател на Србија, Вучиќ го преземал челното место во партијата. По парламентарните избори во 2012, Вучиќ станал министер за одбрана и вицепремиер во владата на Ивица Дачиќ (2012–2014). По победата на неговата партија на парламентарните избори во 2014, Вучиќ станал премиер на Србија. На таа позиција останал до 2017, кога победил на претседателските избори и во мај стапил на местото прв човек на државата.
Александар Вучиќ Александар Вучић | |
---|---|
Претседател на Србија | |
Стапува 31 мај 2017 | |
Претходник | Томислав Николиќ |
Премиер на Србија | |
На должноста 27 април 2014 – 31 мај 2017 | |
Претседател | Томислав Николиќ |
Претходник | Ивица Дачиќ |
Наследник | Ивица Дачиќ |
Лични податоци | |
Роден(а) | 5 март 1970(1970-03-05) (54 г.) Белград, Југославија (денешна Србија) |
Сопружник | Ксенија Јанковиќ (1997–2011) Тамара Ѓукановиќ (2013–) |
Деца | 2 |
Установа | правен факултет во Белград |
Вероисповед | православен христијанин |
Потпис |