Алкохол
семејство органски соединенија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Во општа употреба, зборот алкохол (од Арапски al-khwl الكحول, или al-ghawl الغول) најчесто се однесува на етанол, познат и како зрнест алкохол (направен од житни растенија), или, пак, на било кој пијалак кој содржи етанол (види алкохолен пијалак). Последица на ова значење е поимот алкохолизам (зависност од алкохол). Другите форми на алкохол најчесто се именуваат со појаснувачка придавка, на пример изопропил алкохол, или со наставката -ол, како во изопропанол.
Во хемијата, алкохол е поопшт поим, кој се применува за секоја органска супстанца во која хидроксилната (-OH) група е поврзана со јаглероден атом[1][2], кој, од друга страна, е поврзан со други водородни и/или јаглеродни атоми. Општата формула за едноставен алкохол кој не содржи прстени е CnH2n+1OH.
Гледан како дрога, често алкохолот (етанолот) е причина за ефекти кои го забавуваат човечкиот централен нервен систем.