Алпака
From Wikipedia, the free encyclopedia
Алпака (науч. Vicugna pacos) — припитомен вид на јужноамерикански животни од семејството Камили. Физички наликува на мала лама.
Алпака | |
---|---|
Неистрижена алпака како пасе | |
припитомен | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Парнокопитни |
Семејство: | Камили |
Род: | Викуња |
Вид: | V. pacos |
Научен назив | |
Vicugna pacos (Linnaeus, 1758) | |
Распространетост на алпаката |
Овие животни живее во стадо на висорамнински предели во Андите во јужно Перу, северна Боливија, Еквадор и северно Чиле, на надморска височина од 3500-5000 метри и таму се задржуваат преку целата година.[1] Алпаките се значително помали од ламите, и за разлика од нив, не се товарни животни, туку се одгледуваат за влакната. Од овие влакна се изработуваат плетени материјали како ќебиња, џемпери, капи, ракавици и шалови, како и разни ткаенини како понча во Јужна Америка, и блузони, чорапи и постелнина во други делови на светот. Влакното се среќава во поголем број на разни природни бои: 52 според перуанската, 12 според австралиската и 16 според американската класификација.[2]
Возрасната единка е висока од 81 до 99 см, а тежи помеѓу 48 и 84 кг.[3]