Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј II
From Wikipedia, the free encyclopedia
Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј II (Маврово, Гостиварско, 7 декември 1906 - Скопје, 20 мај 1981 ) — прв архиепископ Охридски и Македонски на возобнената Македонска православна црква - Охридска Архиепископија[2] и, според МПЦ-ОА, наследник на Арсениј II.
г.г. Доситеј II | |
---|---|
Архиепископ од | 4 октомври 1958 |
Архиепископ до | 20 мај 1981 |
Претходник | „нема“[1] |
Наследник | Ангелариј |
Роден | 7 декември 1906
Маврово, Гостиварско |
Починал | 20 мај 1981
Скопје |
Други архиепископи со име Доситеј |
Целиот свој живот го посветил на службата на црквата. Тој будно го следел решението на македонското црковно прашање и вложувал максимални усилби за негово разрешување преку обновата на Охридската архиепископија и создавањето на Македонската православна црква. На вториот црковно-народен собир, одржан од 4 до 6 октомври 1958 година, бил избран за поглавар на МПЦ во обновената Охридска архиепископија. Под негово раководство бил свикан Третиот црковно - народен собир, одржан на 18 јули 1967 година, на кој МПЦ е прогласена за афтокефална.