Атлетика на Летните олимписки игри 2012
From Wikipedia, the free encyclopedia
Натпреварите во атлетика на Летните олимписки игри 2012 се одржаа за време на последните десет дена од игрите, од 3 август до 12 август 2012 година, на Олимпискиот стадион во Лондон. Натпреварите во маратон и брзо одење започнаа и завршија пред Бакингемската палата.[1]
Атлетика на Летните олимписки игри 2012 | ||||
---|---|---|---|---|
Дисциплини на патека | ||||
100 м | мажи | жени | ||
200 м | мажи | жени | ||
400 м | мажи | жени | ||
800 м | мажи | жени | ||
1.500 м | мажи | жени | ||
5.000 м | мажи | жени | ||
10.000 м | мажи | жени | ||
100 м со пречки | жени | |||
110 м со пречки | мажи | |||
400 м со пречки | мажи | жени | ||
3.000 м со препреки | мажи | жени | ||
4 х 100 м штафета | мажи | жени | ||
4 х 400 м штафета | мажи | жени | ||
Дисциплини на отворено | ||||
маратон | мажи | жени | ||
20 км одење | мажи | жени | ||
50 км одење | мажи | |||
Дисциплини на поле | ||||
Скок во далечина | мажи | жени | ||
Трискок | мажи | жени | ||
Скок во височина | мажи | жени | ||
Скок со стап | мажи | жени | ||
Фрлање ѓуле | мажи | жени | ||
Фрлање диск | мажи | жени | ||
Фрлање копје | мажи | жени | ||
Фрлање кладиво | мажи | жени | ||
Комбинирани дисциплини | ||||
Седмобој | жени | |||
Десетобој | мажи |
На натпреварите се појавија 2,231 спортист (1,160 мажи, 1,071 жени) од 201 држава кои се натпреваруваа во вкупно 47 дисциплини. Машките натпреварувачи се натпреварувале во 24 дисциплини, а женските во 23, од кои 21 дисциплина биле еднакви за обете категории. Женските натпреварувачи се натпреварувале во трката на 100 метри со пречки и седмобој, додека машките натпреварувачи во трката на 110 метри со пречки и десетобој. Единствена дисциплина која не била дел од женската програма била трката во брзо одење на 50 километри.