Бер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бер (грчки: Βέροια, турски: Karaferye) — град во централниот дел на Егејска Македонија, денешна Грција. Градот се наоѓа 511 километри северо-северозападно од главниот град Атина и 73 километри југозападно од Солун, во југоисточното подножје на Каракамен. Бер е главен град на округот Иматија и истоимената Општина Бер.
Бер Βέροια | ||
---|---|---|
Панорама од градот | ||
| ||
Земја | Грција | |
Област | Централна Македонија | |
Округ | Иматија | |
Управа | ||
• Градоначалник | Константинос Воргијазидис | |
Површина | ||
• Општина | 796,5 км2 (3,075 ми2) | |
• Општ. един. | 359,1 км2 (1,386 ми2) | |
Надм. вис. | &10000000000000128000000128 м | |
Население (2011)[1] | ||
• Општ. | 66.547 | |
• Општ. густина | 8,4/км2 (22/ми2) | |
• Општ. един. | 48.306 | |
• Општ. един. густина | 13/км2 (35/ми2) | |
Час. појас | EET (UTC+2) | |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | |
Пошт. бр. | 591 31, 591 32 | |
Повик. бр. | 2331 | |
Рег. таб. | ΗΜ | |
Мреж. место | www.veria.gr |
Според археолошките истражувања, како и според грчките археолошки стандарди, градот е стар, кој првпат се споменува во делата на Тукидид во 432 п.н.е. Постојат докази дека бил населен уште во 1.000 година п.н.е.[2] Градот имал стекнато значење во времето на Античка Македонија, каде што бил вториот по големина град по важност, веднаш после главниот град Пела. Неговата важност продолжила и во времето на Римското Царство. Во градот проповедал Апостол Павле, а неговите жители биле меѓу првите христијани во царството. Подоцна, во времето на Византија и Отоманското Царство, градот станал центар на грчката култура и учење. Денес градот претставува комерцијален центар на Централна Македонија и седиште на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.
Археолошкото наоѓалиште Кутлеш (главен град на Македонија) е вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО и се наоѓа на 12 километри југоисточно од центарот на градот Бер.