Битка кај Акциум
From Wikipedia, the free encyclopedia
Битка кај Акциум — решавачкиот судир од последната војна на Римската Република. Таа претставува една од најголемите поморски битки во историјата. Битката се одвива на влезот на Амбракискиот Залив во Јонското Море, близу до римската колонија Акциум во Грција (близу до денешниот град Превез) на 2 септември 31 п.н.е. Тоа е судир меѓу Октавијановите и обединетите сили на Марко Антониј и Клеопатра. Флотата на Октавијан е предводена од адмиралот Марко Випсаниј Агрипа. Флотата на Марко Антониј е поддржана од таа на неговата љубовница, царицата на Египет — Клеопатра.
Битка кај Акциум | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од војната помеѓу Антониј и Октавијан | |||||||
Поставеност на завојуваните страни |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
приврзаници и војска на Октавијан | Птолемаидско царство привзаници на Марко Антониј |
||||||
Команданти и водачи | |||||||
Марко Випсаниј Агрипа | Марко Антониј Клеопатра VII |
||||||
Сила | |||||||
250 галии 16 000 војници и 3000 стрелци. | 290 галии 30-50 превозни 20 000 војници 2000 стрелци |
||||||
Жртви и загуби | |||||||
околу 2500 загинати | над 5000 загинати; 200 потонати и запленети бродови |
Октавиан триумфира над флотата на Антониј и Клеопатра и станува господар на Египет. Победата му дозволува да ја консолидира власта над Рим и новоосвоените територии. За таа цел тој ја добива титулата „Принцепс“ (прв граѓанин) и како резултат на победата е удостоен со називот Август од римскиот сенат. Како Август, тој ги поседува атрибутите на републикански водач, но историчарите генерално ова го гледаат како консолидација на власта и приемот на тие титули како крај на Римската република и почетокот на Римското Царство.