Римски сенат
From Wikipedia, the free encyclopedia
Римскиот сенат (латински: Senātus Rōmānus) бил главното управувачко тело на Римската република (која настанала во 509 г. п.н.е.), како и на Римското Царство. Иако Западното Римско Царство престанало да постои во V век (476 г.), Римскиот сенат продолжил да заседава сè до крајот на VI век. Зборот senatus потекнува од латинскиот збор senex[1] што значи “старец“ или “постар“. Според тоа, Сенатот, од етимолошка гледна точка, значел “собрание на старци“. Сенатот бил една од трите гранки на власта според уставот на Римската република.