Ботаника
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ботаника е една од најстарите гранки на биологијата, и таа се занимава со научно проучување на растенијата[1]. Името потекнува од грчкиот збор βοτανικός, botanikós - и значи: она што се однесува на растенијата (βοτάνη, botánē - трева, растение). Во поново време ботаниката се означува и со термините “наука за растенијата“ и “биологија на растенијата“.
Дел од темата Хортикултура и градинарство |
Градинарство |
---|
Градинарство • Градина • Ботаничка градина • Арборетум • Ботаника • Растение |
Хортикултура |
Хортикултура • Земјоделство • Урбано земјоделство • Градска фарма • Органско полјоделство • Билна фарма • Разонодна фарма • Меѓусад • Фарма |
Обичаи |
Жетвен фестивал • Историја на земјоделството |
Заштита на растенијата |
Фитопатологија • Пестицид • Плевење |
Ботаниката опфаќа повеќе дисциплини кои го проучуваат изгледот, градбата, растот, развитокот, репродукцијата, метаболизмот, физиологијата, заболувањата, екологијата, сродноста и еволуционата историја на растенијата.
Традиционално, ботаничарите ги истражувале сите организми кои не биле означени како животни (на пример, сите оние кои водат сесилен начин на живот, што вршат фотосинтеза). Напредокот во познавањето на овие “специјални“ организми, посебно микроорганизмите, довел до одвојување на посебни гранки од ботаниката - во прв ред микробиологијата и микологијата. Меѓутоа, сè уште нашироко е распространета практиката за опишување на овие нерастителни организми во воведните курсеви на ботаниката.